
Вулканот Килауеа на Хаваи еруптираше со лава што достигна височина до 427 метри.
Ерупцијата траеше шест часа на Големиот остров во кратерот Халемаумау. Ерупцијата била снимена од камерите на Геолошкиот завод на САД (УСГС), пишува УСА Тудеј.
Сè започна во вечерните часови на 23 декември, а заврши малку по два часот наутро по локално време на самиот Бадник, 24 декември. Камерите прво ја снимиле активноста кратко по 2:30 часот наутро.
Килауеа, кој се наоѓа во рамките на Националниот парк Хавајски вулкани, е меѓу најактивните вулкани во светот. Оваа последна ерупција беше веќе 39-та регистрирана оваа година. Претходната епизода, 38-ма, се случи претходно овој месец и траеше речиси 12 часа.
