
Претседателите на Русија и Турција, денеска во Ашхабат се согласија дека европските обиди за преземање на руски средства ќе доведат до уништување на темелите на меѓународниот финансиски систем.
Руските медиуми пренесуваат дека на средбата присуствувал и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
Билатералната средба меѓу Путин и Ердоган се одржува на маргините на форумот посветен на Меѓународната година на мирот и довербата, Меѓународниот ден на неутралноста и 30-годишнината од трајната неутралност на Туркменистан.
