Skip to main content
Скопје

Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок

14/07/2025  14:15

Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, поради што можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје, соопшти ЈП Водовод и канализација.

– Имајќи го предвид фактот дека водата за пиење е ограничени ресурс апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба – истакнуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.