Skip to main content
Македонија

Енергетика воведува дронови и дигитален надзор

24/11/2025  16:22

Министерството за енергетика воведе модерен дигитален систем и специјализиран дрон за надзор на концесиите за минерални суровини, соларни и ветерни инсталации. Новата технологија овозможува прецизноследење на ископите,како и проверка на координатите и инфраструктурата на соларните панели и ветерните мерни столбови.

Новиот систем го зајакнува инспекцискиот надзор овозможувајќи инспекторите да вршат контрола без физичко присуство на терен. Дронот обезбедува побрза реакција,пократко време за проверка и континуирано следење на активностите, што овозможува детален увид во работата на концесионерите и значително го намалува ризикот од злоупотреби.

„Со воведувањето на дигиталниот систем и дронот, ја унапредуваме и зајакнуваме инспекциската контрола. Создадовме можност за современ и ефикасен надзор, кој овозможува концесиите да се користат одговорно и согласно законот“, истакна министерката Сања Божиновска.

Вработените во Министерството кои ќе управуваат со дронот поминаа специјализирана обука за негово користење и за правилна интерпретација на податоците добиени од далечинското набљудување.