Skip to main content
Забава

Елки од лиснато тесто ќе ви ја разубават новогодишната трпеза: Овие крцкави грицки можат да бидат и солени и слатки

30/12/2024  12:13

Овој специјалитет не само што е вкусен, туку и изгледа прекрасно и е во празничен дух…

Еве една одлична идеја за новогодишната трпеза. Сè што ви треба е тенко исукано лиснато тесто, калапи со ѕвезди во неколку големини и празничната магија може да започне.

Можат да се направат во солени и слатки варијанти.

За слатка ви е потребно: лиснато тесто, путер и шеќер во прав

За солени ви треба: лиснато тесто, путер и рендан пармезан.

Подготовката е многу едноставна:
Расуканото лиснато тесто со калапи исечете го на ѕвездички со различна големина, прободете ги со вилушка и премачкајте со путер, а потоа посипете со шеќер или пармезан и печете во рерна. Кога ќе се испечат на чепкалка за заби, наредете ги од најголеми до најмали ѕвездички една врз друга за да добиете елка.