Skip to main content
Хроника

Елезоски побарал поткуп од 13.000 евра за им дозволи да градат апартмани – уапсен е

19/03/2025  19:28

Реализиран случај на примање поткуп. На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше. (Садредин Елезоски).

Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети. Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати.

Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени