Skip to main content
Балкан

Експлозија во Загреб утринава – оштетен ресторан

30/03/2025  11:09

Во раните утрински часови се случи експлозија во населбата Максимир во Загреб, при што беше оштетена фасада на ресторан.

Според полицијата, инцидентот се случил денеска, околу 04:30 часот на Максимирска улица. Од полицијата наведуваат дека причина за штетата најверојатно била експлозија.

За среќа, во експлозијата нема повредени.

На местото на настанот е извршена увид, а кривичната истрага е во тек.