
Повредено е едно лице попладнево во експлозија во куќа во центарот на Утрехт, по што во објектот избувнал пожар.
Околу 15.30 минути полицијата била алармирана дека се слушнала „гигантска експлозија“, по што кон местото на настанот се упатиле полициски тимови, како и екипи на брзата помош и противпожарната служба.
Други медиуми јавуваат дека пред избувнувањето на пожарот се слушнале две експлозии, а според некои медиумски извештаи се споменува и „серија од неколку експлозии“.
Причините за експлозијата или експлозиите засега не се познати.
Медиумите јавуваат за искршени прозорци на повеќе околни згради, како и за остатоци од цигли и крш по улицата.
Реонот околу зградата е блокиран, а затворени се и историската улица „Спрингвег“ и популарниот плоштадот „Маријаплас“, кои се наоѓаат во непосредна близина.

