
Вечерва пред седиштето на грчката железничка компанија „Хеленик Трејн“ во Атина одекнала силна експлозија, за која постои сомневање дека е предизвикана од поставена бомба. Засега нема информации за повредени или загинати лица.
Полицијата веднаш го обезбеди просторот, поставувајќи кордон долж една од главните авении во грчката престолнина. Очевидци изјавиле за локалните медиуми дека слушнале силен детонација што ги вознемирила жителите во околината.
Грчките медиуми јавуваат дека пред експлозијата, еден весник добил анонимна дојава за поставена експлозивна направа пред зградата на компанијата.
Инцидентот се случува во контекст на сè уште присутниот јавен гнев поради трагичната железничка несреќа во 2023 година, кога поради човечка грешка се судрија патнички и товарен воз, при што загинаа десетици лица. Компанијата „Хеленик Трејн“, како оператор на возовите, често е на мета на критики од јавноста поради безбедносните пропусти.
Полицијата спроведува истрага за да го утврди точниот мотив и околностите на експлозијата.