
Задоволство ни е да Ве информираме дека, без конкуренција најпосетениот стенд – ап комичар на Балканот на сите времиња, по повод 10 години од почетокот на стенд – апот ЃУРОЛОГИЈА, Бранко Ѓуриќ – Ѓура доаѓа во Скопје на 17 март со почеток од 19 часот и 30 минити, во Македонска филхармонија, со шоу кое се разликува од сите досегашни, велат од Авалон продукција.
Ова нема да биде ЃУРОЛОГИЈА.
Ова ќе биде ,,шио ми га Ѓуро” шоу.
SPECIAL EDITION – 10 YEAR ANNIVERSARY.
Само за 16+.
Влезниците, по цена од 1.000 денари,
како и
лимитиран број на ВИП влезници по цена од 1.500 денари
ќе бидат во продажба почнувајќи од среда (12 февруари) во 10 часот наутро, онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.
Бидејќи не постои подобар лек од смеата (а, Бранко Ѓуриќ – Ѓура не е само смешен, туку неверојатно духовит), вeруваме дека ќе бидете брзи во среда наутро, додаваат од Авалон Продукција.