Skip to main content
Свет

Екс францускиот претседател Саркози осуден на една година затвор поради корупција

18/12/2024  19:04

Касациониот суд во Париз го осуди поранешниот француски претседател Никола Саркози на една година затвор поради корупција.

Казаната ќе ја одлежи со носење електронска алка околу глуждот, реши Судот, кој ја отфрли жалбата на 69-годишниот експретседател од 2023 година.

Саркози побара од својот адвокат да објасни дека ќе ја прифати казната, но во исто време сакаше да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Ова е првпат поранешен француски претседател да биде осуден на затвор без помилување.

Казната на Саркози вклучува вкупно три години затвор, од кои две се условни, додека една година би требало да одлежи со алка околу ногата. На Саркози исто така му е забрането да се кандидира на избори во траење од три години.

Евентуалното судење пред Европскиот суд за човекови права нема да има суспензивно дејство на казната, пренесе АФП.