Skip to main content
Македонија

Еколошки хорор: Илјадници пластични шишиња пловат кон Скопје (ВИДЕО)

28/10/2025  10:25

Запрепастувачка снимка од енормно загадување на реката Вардар објави тетовскиот портал Тетово инфо. Буквално илјадници пластични шишиња пловат во реката кај тетовското село Копанце.

Силниот дожд кој паѓаше изминативе денови го подигна нивото на Вардар, а надојдената вода го повлекува ѓубрето од десетиците диви депонии покрај брегот на реката од нејзиниот извор во Гостиварско до местото на кое е направена снимката.