Skip to main content
Скопје

Екипите на ЈП “Улици и патишта”- Скопје активни со следната фаза за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

03/11/2025  13:37

Екипите на ЈП “Улици и патишта” – Скопје денеска вршат машински ископ, отстранување на бехатон плочите и монтирање на семафорската инсталација на семафорите.

Во изминатите денови беше извршено бетонирање на темелите за поставување на едниот семафорски портал, а во деновите што следуваат се работи на другите портални столбови.

Активно се работи на спроведување на новите семафори на крстосница на улица “Васко Карангелески” со улица “Ангел Димовски” со која се влијае на безбедноста на сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот.