
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, откако денес Европската ракометна федерација (ЕХФ) им додели вајлд-карта на битолчани.

Така, Еурофарм Пелистер, трета сезона во низа ќе биде дел од елитното ракометно натпреварување.
Покрај македонскиот шампион, специјална покана добија и: ГОГ, Нант, Пик Сегед, Колштад и Кјелце.
Барањата за вајлд-карта на Порто, Кадетен и Слован беа одбиени и овие екипи ќе играат во ЕХФ Европската лига или ЕХФ Европскиот куп.