
Судот на ЕХФ донесе одлука да го регистрира реванш мечот од финалето на Европскиот куп со 10:0 за екипата на РК Алкалоид откако играчите на АЕК не се појавија на тернот во Скопје.

Резултатот од реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25, РК Алкалоид против АЕК Атина, се регистрира со 10:0 голови и 2:0 во добиени натпревари.
Првиот натпревар заврши со победа на ХРК Алкалоид од 29:25 и со тоа РК Алкалоид е победник на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25.
„Секоја жалба против оваа одлука нема да има суспензивно дејство. Оваа одлука се однесува исклучиво на аспектите поврзани со натпреварувањето. Одделни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се одигра натпреварот, евентуалната штета и распределбата на билети сè уште се во тек. АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум (7) дена“ велат од ЕХФ.