Skip to main content
Хроника

Едно лице загина, а тинејџер е тешко повреден во вчерашната сообраќајка на експресниот пат Штип – Велес

13/10/2025  09:42

Едно лице загина, а 18-годишно момче е тешко повредено во директен судир на два автомобили што се случи вчера попладнето на експресниот пат Штип – Велес.

Според информациите од Итната медицинска помош во Велес, нивна екипа била повикана во 14:20 часот и за десетина минути пристигнала на местото на несреќата, на крстосницата кон село Иванковци.

„Констатиравме смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на самото место на директниот судир“, изјави д-р Елена Најдовска.

Лекарска помош веднаш му била укажана на 18-годишното момче од Струмица, кое се наоѓало во другото возило. Според докторката, тој имал повреди на карлицата, десното колено и главата, но бил свесен и контактибилен. По укажаната прва помош, момчето е пренесено во Ургентниот центар во Општата болница во Велес.