Skip to main content
Македонија

Едно лице приведено во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“

29/12/2024  12:24

Полицијата синоќа привела лице, заради извршување службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“ во врска со полициските акции месецов против криминална група, потврдија за МИА од МВР.

-Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено, се вели во одговорот.

Како што 24инфо.мк синоќа објави приведеното лице е син на поранешен висок функционер.