
Едно дете почина утрово во напад извршен најверојатно од 15 – годишник во училиште во Загреб.
Засега нема потврда од полицијата за таа информација. Медиумот се повикува од свои извори во загребска болница.
Според ХРТ, напаѓачот влегол во училиштето со нож и почнал да напаѓа деца од прво одделение. Засега не се знае дали жртвата и повредените се од тоа одделение или има и од други.
Премиерот Андреј Пленковиќ претпладнево изјави дека на местото на инцидентот има министри и изрази жалење до семејствата на повредените деца.