Skip to main content
Македонија

Единицата за интервентна полиција со новогодишни пакетчиња за дечињата на Детска хирургија

25/12/2025  17:56

Денеска, претставници на Единицата за интервентна полиција ги посетија дечињата кои се лекуваат на Одделот за детска хирургија при Клиничкиот центар, при што им беа врачени новогодишни пакетчиња со желба да им се внесе барем малку радост и насмевка во овие празнични денови.

Со оваа хумана активност, Единицата за интервентна полиција уште еднаш ја покажа својата грижа и човечност, докажувајќи дека полицијата е тука не само за безбедноста, туку и за поддршка и солидарност со најранливите категории граѓани.

Среќата, радоста и насмевките на најмалите се најголемата мотивација и потсетник дека зад униформата стојат луѓе со големо срце. Ние секогаш ќе останеме пријатели и поддршка на нашите најмали ангелчиња, со желба за брзо оздравување и безгрижно детство.