Skip to main content
Свет

Единаесет рудари загинаа во експлозија на бомба во Пакистан

14/02/2025  10:49

Единаесет рудари загинаа, а шестмина се повредени откако бомба разнесе камион во југозападен Пакистан, соопштија во понеделникот локалните власти, пренесе Ројтерс.

MK Summit

Камионот превезувал работници во рудник во областа Харнаи во провинцијата Балуџистан, каде Пакистан се соочува со сепаратистички бунт.

„Импровизирана експлозивна направа била поставена покрај патот и експлодирала кога камион со рудари пристигнал на местото на несреќата“, изјавил претставник на паравоените сили.

Службеникот, кој сакаше да остане анонимен, додаде дека е можно да се работи за уред со далечински управувач.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, јавува Ројтерс.

Заменик-комесарот на регионот Хазрети Вали Ага изјави дека во камионот имало 17 рудари кога експлодирала бомбата. Лекар од локалната болница изјави дека двајца од ранетите се во критична состојба.