Skip to main content
Балкан

Еди Рама руши хациенди – нема недопирливи пред законот!

25/08/2025  17:49

Рушењето на дивоградбите, кое започна насекаде, не е еднодневна акција, туку процес кој ќе трае сè додека не ја искорениме оваа појава што со години го уништува јавниот интерес и природните богатства на Албанија.

Овој процес нема да запре! Напротив – во наредните денови ќе следи нов пакет мерки што ќе ја зголемат ударната сила на законот, со јасна цел: да нема повеќе неказнети одговорни лица. Законската одговорност ќе ги стигне не само оние што незаконски градат, туку и оние што со години ги штителе со мито и корупција – во инспекторатите, во полицијата, па дури и на локално ниво.

Денес, операцијата продолжи во ’ртот Родонит, општина Драч, каде што уште едно природно чудо беше злоупотребено за профит преку дивоградби. Таму каде што треба да уживаат граѓаните и туристите во чиста природа, некој решил да ја претвори во приватна каса.

Ова повеќе нема да се дозволи! Ова е борба за ред и закон, за природата и јавниот интерес, за иднината што не ја градиме врз корупција и беззаконие, туку врз почитување на правилата.

Доста беше! Албанија нема да биде талац на дивоградби и митаџии!

ЛИНК до видео