
Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати остри критики кон туристите од Албанија, Косово и Македонија, оценувајќи ги како „најголеми загадувачи“ на плажите во земјата, иако, според него, тие често се претставуваат како најпатриотски.
„Не се туристите кои зборуваат англиски, шпански или италијански, туку оние што зборуваат албански – оние кои на стадионите сакаат да одат во војна со Србија – тие се најголемите загадувачи на плажите“, изјави Рама.
Премиерот додаде дека владата планира дополнителни мерки за подобрување на туристичката култура и заштита на животната средина. Меѓу нив е и можната забрана на музиката „талава“ во плажните барови, за која Рама смета дека ја нарушува туристичката понуда и имиџот на албанските приморски дестинации.
Изјавите на Рама предизвикаа реакции во јавноста, бидејќи директно се однесуваат на голем дел од локалните туристи кои традиционално летуваат на албанското приморје.