Skip to main content
Хроника

Еден Македонец и двајца Срби ликвидирани во Јужна Америка

13/08/2025  19:59

Двајца Срби и еден Македонец, биле убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка. Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка, според медиумските извештаи, биле пронајдени во црни пластични кеси. Според неофицијални информации, тие биле мачени, па ликвидирани во Боливија.

„Телата се испратени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Жртвите сè уште не се официјално идентификувани. Врз основа на првите индиции, се сомнева дека прво биле брутално мачени, па убиени, а потоа спакувани во црни пластични кеси“, наведуваат извори од истрагата, јавува Новости.рс, пренесува Рацин.мк

Како што дознава „Новости“, Миљан Ѓ. познат како Хитри од Ниш, водач на меѓународна организирана криминална група која била вклучена во дистрибуција на големи количини кокаин од Јужна Америка на територијата на одредени западноевропски земји, бил ликвидиран пред два дена, најверојатно на територијата на Боливија.

Имено, како што дознава „Новости“, на територијата на Јужна Америка дошло до конфликт меѓу криминални групи околу приматот во справувањето со наркотици, а во таа прилика бил убиен Миљан Ѓ. Убиен е и Дејанчо Л., државјанин на Северна Македонија.

Третиот убиен маж, исто така роден во Ниш, патувал на територијата на Јужна Америка со лажни податоци за идентификација.

„Новости“, потсетува дека претходно денес во медиумите се појавија неточни информации дека во конфронтацијата биле убиени тројца Срби. Сепак, како што дознава медиумот, всушност станува збор за двајца мажи од српска националност и еден Македонец.