Skip to main content
Скопје

Еден архитект не е доволен: Чаир добива тим експерти од Турција за Мастер План

01/09/2025  00:19

Екипа експерти од Турција, предводена од Бајрам Вардар, е ангажирана за 
подготовка на развојниот Мастер План на кандидатот за градоначалник на 
Чаир, Изет Меџити. Нивното искуство во урбанистичко планирање, 
архитектура и просторно управување се очекува да обезбеди модерен и 
одржлив визионерски пристап за општината.

Во групата експерти, меѓу другите, се наоѓаат:
Надир Доган, урбанист со диплома од Универзитетот „Гази“, основач на 
компанијата ND İMAR A.Ş. и експерт за изработка на просторни планови на 
голема скала за градови како Истанбул, Бурса, Кожаели и Трабзон, како и 
за многу проекти за урбана трансформација.
Др. Мустафа Тутар, архитект дипломиран во Техничкиот универзитет во 
Истанбул, магистер од Универзитетот Мисури во САД и докторска титула во 
областа на урбанизмот. Тој е универзитетски професор и основач на 
компанијата „Saydam Tasarım“, со повеќе од 800 меѓународни проекти во 
областа на архитектонскиот дизајн и визуализација.

Покрај нив, во тимот учествуваат и други експерти од Турција, кои заедно 
со локални урбанисти и архитекти ќе придонесат во изработката на Мастер 
План кој има за цел да го позиционира Чаир како модел на одржлив развој 
во Скопје.