Skip to main content
Магазин

Eве како да се ослободите од непријатниот мирис на цигари во вашиот дом

30/11/2024  22:35

Било да пушите вие или ви дојдоа гости кои пушат мирисот на цигарата останува долго во вашиот стан и не е ни малку пријатен. Пронајдовме неколку начини како да се ослободите од мирисот на цигари.

Кога ќе ја проветрите собата во која се пушело но и понатаму останува мирисот на цигарата тогаш е потребно предметите во кои тој се вовлекол да ги исчистите.

Тоа најдобро ќе го направите така што дрвените предмети ќе ги напрскате со разреден оцет и избришете со памучна крпа. Тапацираниот мебел исто така можете да го исчистите на истиот начин.

Можете да користите и сода бикарбона. Ставете ја во внатрешноста на фиоките да стои 24 часа и мирисот потполно ќе го снема. Ако сакате да го исчистите мебелот истурете врз него сода бикарбона оставете да стои 24 часа и потоа поминете со правосмукалка.