
Државниот завод за статистика информираше дека бројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9.562, а најголем број, 2.149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници.
Следуваат групите Работници во услужни дејности и продажба со 2 074 слободни работни места, Елементарни занимања,1 638, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1028, Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 851, Техничари и сродни занимања, 1 016, Службеници, 744. Евидентирани се и 44 слободни работни места во групата Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори, како и 19 во групата Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.
Како што објави ДЗС, во четвртиот квартал лани стапката на слободни работни места изнесува 1,93 проценти.