
Утрово планинар при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
По добиената пријава за повреден планинар, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде преземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските Тигри.