Skip to main content
Свет

Двегодишно дете падна од 15-ти кат во Вашингтон и преживеа

17/05/2025  17:30

Двегодишно дете преживеало пад од 15-ти кат на станбена зграда недалеку од Вашингтон, информираат американските медиуми.

Според портпаролот на локалната противпожарна служба во округот Монтгомери, Мериленд, падот од балконот бил ублажен од густите грмушки под зградата.

Телевизиската станица „ABC“ објави дека малата телесна тежина на детето, исто така, одиграла клучна улога во неговото преживување на несреќата.

Момчето во несреќата се здобило со скршеница на раката. Точната причина за несреќата сè уште не е утврдена. Истрагата е во тек.