Skip to main content
Свет

Двегодишно дете од Бразил загина по напад од пирани

24/12/2025  21:13

Двегодишно девојче во Бразил загина откако паднала во река и била нападната од пирани. Несреќата се случила во близина на градот Коари во Амазон. Девојчето живеело со семејството во пловечка куќа и си играла пред нејзиниот дом. Клара паднала низ отвор на пловечката конструкција и паднала во водата.

Родителите откако виделе дека ја нема влегле во водата. Откако ја пронашле таа не покажувала знаци на живот.

Телото било пренесено на судска медицина, а случајот е пријавен во полиција. Надлежните служби спроведуваат истрага за да се утврдат сите околности на трагичниот настан.

Овој случај потсетува и на претходни инциденти во регионот. Во 2023 година, повеќе лица беа повредени во напад од пирани во одморалиштето Тарума-Асу, северно од градот Манаус, кога капачи во плитки води се здобиле со повреди на нозете и стапалата.