Skip to main content
Балкан

Две жртви во невремето во Грција

21/01/2026  21:29

Две лица го загубија животот во силното невреме кое ја зафати Грција. Жртвите се маж кој бил припадник на крајбрежната служба во Астрос и жена од Глифада. Противпожарната служба добила 600 повици за помош.

Жената додека се движела пеш била повлечена од поројната вода на поплавена улица, додека пак припадникот на крајбрежната служба додека бил на должност на пристаништето во Астрос и поради силниот ветер и брановите паднал во море.

Областа Атика поширокиот регион на Атина, од попладнево е зафатена од силно невреме, а поради обилните врнежи од дожд поплавени се неколку улици и централни булевари и сообраќајот е во прекин. 

Најпогодени се западните и јужните предградија и населби на Атика, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на две предградија да се евакуираат поради излевање на потокот што е во близина.

Во Атина, во прекин е сообраќајот на булевари што се поплавија, а проблеми има и во сообраќајот на трамвајот и на метро линијата со електричниот воз, поради поплава на шините.

Паралелно, надојдена е водата и на двете реки во Атина.