
На 27.07.2025 во 18.10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 56-годишната Е.И. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради недоразбирање во сообраќајот, таа и И.М.(56) од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, инфомираат од МВР.