Skip to main content
Хроника

Две училишта во Скопје утринава добиле дојави за бомба

08/04/2025  09:46

Министерството за внатрешни работи утрово добило дојава за бомби во две средни училишта на територијата на Скопје.

Од МВР официјално за случајот велат дека на 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа.

Веднаш биле преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави.