
Синоќа во 22:30 часот во СВР – Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп – Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино – Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ., на возраст од 42 години од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда.
Потоа, М.В., на возраст од 44 години од село Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда.
– Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило „рено мастер“ и е пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 1:30 часот, денеска, починал, појаснија од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Судската медицина на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР – Велес.