
Двајца млади момчиња на возраст од 27 и 29 години се здобиле со тешки телесни повреди кога околу 20 часот и 30 минути паднале од ѕид во близина на Факултетот за ветеринарна медицина!
Младите момчиња наводно паднале од височина од 4 метри. Според неофицијални информации на Телеграф, еден од нив поради тежината на повредите е префрлен во Ургентниот центар на реанимација.