Skip to main content
Хроника

Две масовни тепачки во скопско Батинци

31/08/2025  14:50

На 30.08.2025 во 10:34 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.С.(50), М.С.(21), С.С.(24), А.С.(25) и М.С.(31) од една страна и Г.М.(24) и Д.М.(20) од друга страна, сите од с.Батинци, а употребени биле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.  

На 29.08.2025 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, по претходно нарушени меѓусоседски и семејни односи бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Ф.С.(27), Е.С.(18), Р.С.(22), С.С.(36) и С.С.(29), сите од с.Батинци од една страна и М.М.(21), Д.М.(20), Е.М.(22), Г.М.(24) Џ.М.(65), сите од с.Батинци и И.Б.(19) од Тетово од друга страна. Во физичката пресметка биле употребени тврди и остри предмети. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.