
Сообраќајна несреќа се случила утрово на автопатот Белград-Ниш, при што загинале две лица, а едно е повредено, дознава Танјуг.
Според информациите од српските медиуми станува збор за македонски државјани.
Несреќата се случила кога автомобилот излетал од патот и удрил во тротоар.
Едно лице е пренесено во Ургентниот центар. Сообраќајот во моментов е нормализиран.
