
Во врска со настанот во кој што е пријавено дека градоначалничката на град Скопје била физички нападната, од страна на полициски службеници од СВР Скопје обезбедени се две лица кои во моментов се во Полициска станица со кои се обавува службен разговор, информираат од МВР.
Претходно Арсовска пред ГОБ „Осми септември“ во детали го опиша нападот врз неа и нејзините соработници, кој според нејзините тврдења се случил пред припадници на полицијата.
Арсовска додаде дека стравува за нејзината безбедност.