Skip to main content
Хроника

Две лица пукале кон полицијата во Дебар за да не ги запре

20/12/2024  16:19

Вчера во 23.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато, при преземање на мерки и активности, на периферијата на Дебар, забележале две лица кои се движеле во правец на Република Албанија.

При обид да бидат запрени, лицата испукале неколку куршуми од огнено оружје кон нив, на што полициските службеници возвратиле и лицата се дале во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.