Skip to main content
Хроника

Две лица од Трубарево уапсени во Аеродром поради палење кабли

29/09/2025  11:42

Две момчиња од Трубарево се приведени во Аеродром откако биле затекнати како палат кабли во парк на булеварот „Февруарски поход“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од полициската станица Аеродром викендов ги лишиле од слобода Т.М. (23) и И.М. (26), двајцата од Трубарево. Нив ги пријавил вработен во Општина Аеродром, кој сведочел на настанот.

Полицијата веднаш интервенирала, ги затекнала на лице место и ги привела двајцата осомничени.

Тие се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за делото „предизвикување општа опасност“.