Skip to main content
Македонија, Хроника

Две лица од кумановски Средорек пријавиле закани и напад при делење изборен материјал

16/10/2025  16:49

Двајца кумановчани денеска во СВР Куманово пријавиле дека додека делеле изборен материјал во населбата Средорек биле нападнати од две лица од друга политичка партија.

платено политичко рекламирање

– Денеска  во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и  Р.Ш. од  друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал, соопшти МВР.

СВР Куманово  презема мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.