Skip to main content
Балкан

Две години од масовното убиство во белградското училиште „Рибникар“

03/05/2025  09:44

Со комеморативни собири денеска во главниот град на Србија се одбележува втората годишнина од масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“,

На 3 мај 2023 година, ученик од тоа училиште со истрели од пиштол уби девет деца и еден училишен чувар, а рани и неколку други.

Во 8.40 часот пред училиштето ќе се одржи комеморативен собир, најави Мултидисциплинарниот тим за основање на Меморијалниот центар во спомен на жртвите од масовното убиство. Во текот на целиот ден, граѓаните ќе можат да положат цвеќе и да палат свеќи во центарот на Белград како и да се потпишат во книгата на спомени.

Еден ден подоцна, на 4 мај 2023 година, Урош Блажиќ (21) уби девет лица во Мало Орашје и Дубона, додека 12 од беа тешко повредени.

На 19 септември 2024 година, Владата на Србија донесе одлука со која ги воспостави 3 и 4 мај како Денови на сеќавање на жртвите на масовните убиства во Србија, и се одбележуваат секоја година.