
23 – годишна странска државјанка во Русија ги фрлила своите бебиња од тераса на 16 – кат. Потоа скокнала и сама, извршувајќи самоубиство.
Како што соопшти Истражниот комитет на Русија, децата за чудо го преживеале падот од огромната височина благодарение на брзата и квалификувана медицинска помош која им била укажана на лице место. Мајката починала веднаш, додека лекарите во моментов се борат за стабилизирање на состојбата на бебињата. Руските власти веќе отворија истрага за обид за убиство на малолетници за да се утврдат причините за овој ужасен чин.
