Skip to main content
Македонија

Дванаесет години затвор за Васил Јованов кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

13/05/2025  10:51

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин.

Јованов претходно призна вина за сообраќајната несреќа, која се случи во јануари годинава на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Tој на 29 јануари, без возачка дозвола, управуваjќи возило со брзина од 91 километар на час под дејство на алкохол, на пешачки премин удри во Фросина Кулакова која ја минувала улицата на зелено светло. Кулакова од силината на ударот почина на самото место.