Во експлозија на плинска боца загинаа двајца работници во просториите на Bosch, најголемиот светски снабдувач на автоделови, соопштија денеска од германската полиција и компанијата, објави Ројтерс.
Полицијата во југозападниот германски град Ројтлинген соопшти дека плинската боца почнала да испушта тежок гас на отворено околу 07:00 часот во вторникот, кога неколку работници отишле да ја испитаат ситуацијата.
Од компанијата изјавија дека во експлозијата загинале двајца вработени во изведувачот, додека уште едно лице е полесно повредено.
„Длабоко сме тажни поради смртта на двајца вработени од надворешна компанија. Нашите мисли се со нивните семејства“, рече портпаролот на компанијата во е-пошта до Ројтерс.
Истрагата за причините за истекувањето на гасот на силанот е во тек, соопштија од компанијата.