Skip to main content
Хроника

Двајца возачи тешко повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

23/04/2025  14:04

На 22.04.2025 околу 06.50 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш, на влез од с.Лакавица, штипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(57) од с.Лакавица и патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(38) од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.