
Двајца возачи се лишени од слобода во одделни случаи во Кичево и во општина Старо Нагоричане поради управување моторни возила под дејство на алкохол.
На 08.01.2026 година во 23:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.С. (45) од Кичево. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Фолксваген“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал осомничениот. По преземените мерки било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта.
Истиот ден, во 22:10 часот во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.С. (48) од Куманово. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, а при алкотестирањето било утврдено дека има 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

