
На 24.04.2025 во 16.55 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Осломеј, на влез во с.Мамудовци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(88) од Кичево и патничко возило „тојота рав 4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(66) од с.Туин, кичевско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „тојота“ Р.Б.(67) од с.Туин, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.