Skip to main content
Македонија

Двајца Турци сакале да одлетаат од скопскиот аеродром со фалсификувани пасоши

20/01/2025  17:57

Поднесена е кривична пријава против двајца турски државјани кои на граничен премин приложиле фалсификувани патни исправи.

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против И.К.(26) и С.К.(26), двајцата од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Нa 12.01.2025 во 10.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, пријавените приложиле фалсификувани патни исправи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, од Основен суд Скопје на пријавените им биле изречени мерки протерување на странец со забрана за влез во Р.Македонија од три, односно пет години.