
Двајца скопјани запалиле возило во Куманово.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) и Л.Р.(51), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 19.05.2025 во Куманово, пријавените предизвикале пожар на патничко возило „ауди“, сопственост на Е.Е., известија од полицијата во дневниот билтен.

