Skip to main content
Хроника

Двајца припадници на АРМ повредени при гаснење пожар во касарната во Тетово

19/06/2025  16:01

Вчера во 13.46 часот во СВР Тетово било пријавено дека во објект во касарната во Тетово настанал пожар. При обид да го изгаснат пожарот, со повреди се здобиле двајца припадници на Армијата, кои биле пренесени во Клинички центар Тетово за укажување на помош.

„Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Запознаен е јавен обвинител“, информираат од МВР.